Првите непотврдени информации велат дека зад убиството на малата Вања стои познат скопјанец, едно време се обидуваше и партија да направи, и дека има уште едно кое му се испитува. Сомневањата се дека се работи за одмазда околу долгови. Избегал пред три дена на правец кон Турција…. Се чекаат деталите од МВР
Вања Ѓурчевска, 14-годишното девојче кое исчезна во понеделникот околу 7,30 часот, вечерва е најдена мртва. Била убиена, но за сега официјални информации за начинот на убиството нема. Во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.
Официјалните информации за сега се дека исти лица ги убиле и Вања и велешанецот. Осомничени се пет лица, од кои тројца според наши информации, се веќе во Основниот кривичен суд во Скопје каде треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка, еден е задржан во полициска станица, а еден е странство. По распитот пред судија на претходна постапка ќе треба да се донесе одлука дали ќе им биде определена мерка пртивор која претходно е побарана на Основното јавно обвинителство.
Вања била убиена два и пол часа по киднапирањето, од осомничените тројца се пред судија на претходна постапка, еден во странство, еден во станица Фото: скриншот
Според податоците од МВР И ОЈО кои претходно ги објави МКД.мк официјално се знае дека убиствата се сторени од користољубие односно заради пари.
Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес.
Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации. Обдукциите ќе покажат како било извршено убиството на малолетната Вања и на мажот од Велес.
Официјалните информации се дека Вања била убиена неколку часа откако била киднапирана.
