Но, случајот на исчезнатата Вања одекна далеку на Балканот. Дел од медиумите во соседството, Србија, Косово, Албанија известуваа во обид што поскоро да се најде девојчето.
Во земјава пак се ширеа и лажни вести и се подгреваше етничка нетрпеливост со податоци кои не беа потврдени од ниту една институција.
Денеска уште еднаш Спасовски потенцираше дека нема никаква етничка позадина и дека ќе се отвори предмет за сите кои го злоупотребија овој случај. Бубевски пак побара време за да објави дали истиот човек – убиец е вмешан и во други убиства, грабнувања или изнуди.
Реакции за убиството на Вања имаше од целата македонска јавност, но исто така и од целиот балкан и пошироко, а меѓи нив и од српската пејачка балканска ѕвезда Светлана Ражнатовиќ Цеца.
Таа објави фотографија со македонско знаме и скршено срце и притоа напиша „ЗОШТО БОЖЕ?

