Првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и ПанчЕ Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, вчера е уапсен во Турција, при што се пронајдени два пиштоли.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција истакна дека вчера биле пронајдени два пиштола и дека ќе се утврдува дали со нив биле убиени Вања Ѓорѓевска и Жежовски . „Најдовме два пиштоли, но треба да се вештачат, одговори синоќа Спасовски и додаде дека оружјето е пронајдено на територијата на Скопје. Министерот потврди и дека полицијата го пронашла мобилниот телефон на 14-годишниот Вања.

Првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, е уапсен вчера во Турција. „По добиеното известување од Турција , фатени се и лишени од слобода создавачот, планерот, главниот координатор и непосредниот извршител“, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Љупчо Пачевски Палчо е уапсен во Турција, откако Интерпол распиша итна меѓународна потерница по барање на МВР. „Станува збор за црвена потерница која во исто време стана активна во сите земји членки на Интерпол. Продолживме со билатерална комуникација врз основа на нашите оперативни сознанија“, посочи Спасовски.

Посочи дека постапката за екстрадиционен притвор продолжува според процедурата, по барање на Министерството за правда, а потоа Палевски ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Министерот детално го објасни и движењето на Палч по напуштањето на територијата на Македонија. „Скопјанецот, неговиот адвокат, со своето возило „шкода“ го однел во Србија, каде што бил оставен во хотел.

Тој оди во градот Баликесир во Турција. Нашите служби се во директен контакт со неговиот оперативен извор кој за многу кратко време ја врати информацијата дека е во Баликесир и рече дека сака оттаму да замине во Истанбул. Вчера попладне бил уапсен од колегите од турската полиција додека се движел по еден од автопатите во Баликесир.