Зимската сезона е во полн ек, а популарните скијачки центри во земјава и регионот сега се главниот фокус на граѓаните. Сите веќе имаат испланирано одмор на планина каде што ќе можат да уживаат во снегот и да се одморат, но за тој одмор, судејќи по некои објави на мрежите, ќе им требаат многу пари.
Цените во популарните ски центри и годинава уриваат рекорди, а особено се истакна еден скијачки центар кој се наоѓа во нашето соседство. Еден ценовник од Црна Гора, поточно од Колашин остави многумина без зборови.
Неколку незадоволни гости во Колашин на мрежите го споделија овој ценовник и јавно го искажаа своето изненадување, но и незадоволство од цените на овој ресторан, а потоа коментарите продолжија да доаѓаат еден по друг. Она што ги изненади гостите е што нема јадење под 20 евра.
Еве дел од цените: Качамак 30 евра, Попара и кисело млеко 20 евра, Мусака 30 евра, Кисела зелка 10 евра
За многумина изненадувачки беа и цените на пијалоците. Кафето и топлите пијалоци чинат најмалку 5 евра.
Цените на пијалоците се следни: еспресо 5 евра, топло чоколадо 8 евра, варено вино 9 евра, а за варена ракија ќе треба да платите 10 евра.

