Американскиот претседател Доналд Трамп слета на аеродромот во Цирих, од каде го продолжува патувањето кон Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум.
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Швајцарија, на пат кон Светскиот економски форум во Давос, каде што ќе одржи говор.
Во пресрет на неговото доаѓање, неколку европски лидери го напуштија Давос, меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Трамп во Цирих го пречека хеликоптер
Доналд Трамп слета на аеродромот во Цирих, од каде што го продолжува патувањето кон Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум. До местото на одржување на самитот го делат уште околу 148 километри.
На пистата на аеродромот во Цирих бил подготвен хеликоптер, што укажува дека Трамп по тој пат ќе го продолжи патувањето. Според медиумските наводи, се очекува тој да пристигне во Давос околу 14 часот, каде што на учесниците на форумот треба да им се обрати во 14:30, иако оваа сатница сè уште не е официјално потврдена.
Зошто Урсула фон дер Лајен го напушти Давос?
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нема да се сретне со Доналд Трамп во Давос, бидејќи веќе го напушти швајцарскиот град откако вчера го одржа својот говор. Оваа информација ја потврди Европската комисија, пренесува The Guardian.
„Претседателката на Комисијата донесе стратешка и политичка проценка дека најдобар начин да ја искористи својата енергија е да се врати во Брисел, за да се фокусира на подготовките за многу важен состанок на Европскиот совет“, изјави портпарол на Комисијата.
На прашањето дали во блиска иднина е планирана средба меѓу фон дер Лајен и Трамп, беше одговорено: „Колку што ми е познато, покани не се испратени од ниту една страна“.
Откажана и средбата меѓу Трамп и Мерц
Во исто време, откажана е и средбата на Доналд Трамп со германскиот канцелар Фридрих Мерц, јавува Ројтерс.
Како причина се наведуваат технички проблеми на претседателскиот авион.
The Guardian наведува дека ќе биде интересно да се види кому Трамп сега ќе му даде приоритет за средби, имајќи предвид дека во Давос ќе помине помалку време отколку што првично било планирано.
