Претседателот на САД Џозеф Бајден денеска ги посети американските војници распоредени на југоисточниот дел на Полска со цел зајакнување на источното крило на НАТО во Жешов, Полска, и им се заблагодари што ја бранеле демократијата пред автократите.




„Вие сте голема група на жени и мажи. Сакам да ви се заблагодарам што се жртвувавте. Мојот син беше во Ирак шест месеци во Косово. Беше горд на униформата што ја носеше. Тој волонтираше, како и вие“, изјави Бајден. војници.на почетокот на дводневната посета на Полска.




Бајден им рече на американските војници од 82-та воздушна дивизија дека сега влогот е кој ќе триумфира, демократијата и нејзините вредности или автократите.




„Ние сме среде војна меѓу демократијата и олигархијата. Сè се менува. Демократијата бара консензус. Она што го правиме не е само одбрана на Украина, ние се бориме за тоа како вашите деца и внуци ќе ја видат слободата. Во последните 10 години гледаме огромен пад во демократиите. Ова е моментот на испитот“, рече Бајден.




Американскиот претседател рече дека генерацијата од која сега се војниците е на пресвртница.




„На секои четири или пет генерации доаѓа момент кој суштински менува сè. Светот веќе нема да биде ист. Прашањето е кој ќе триумфира, демократијата и вредностите или автократите“, рече Бајден.
