Антонио Стојанов со своето семејство успешно се евакуираше од Киев и веќе пристигна во Македонија. Во моментот кога почнала војната тој бил службено во Скопје а за ситуацијата го известила неговата сопруга. Утрото на 24 февруари веднаш тргнал назад за да го спаси своето семејство.




Стојанов сведочи за сите препреки со кои се соочиле додека да ја напуштат Украина. Излезот од Киев бил речиси невозможен.




Дел од фамилијата на неговата сопруга останале во Киев. Поради здравствената ситуација не можеле да тргнат со нив во Македонија. Антонио вели во Киев нема скривници туку подруми каде што се кријат луѓето кога ќе се вклучат сирените. Повеќето бегаат во метрото како најбезбедно место. Се помалку се наоѓа гориво, храна и лекови.




Стојанов вели е подготвен да се врати назад за да помогне со хуманитарна помош но и преземање на луѓе од границите. Апелира до државата но и граѓаните да му се приклучат.




Во Украина се уште има Македонци кои бараат начин како да заминат. Петар Исаковски има тримесечно бебе и со семејството живее во Запорожје. До вчера таму било мирно но нападите околу нуклеарната централа го натерале да бара начин како да замине.




Во градот Запорожје живеат уште неколку македонски државјани.
