Брзо се подготвува, а вкусот е неодолив.
Сарма која ќе ја приготвите во текот на посните денови е подобра од „мрсната“.
Нема подобар и вкусен ручек во време на пост од посните сарми. Кога ќе го пробате овој рецепт, нема да зажалите. Дури може да стане дел од вашето редовно мени. Брзо се приготвува, а вкусот е неодолив!
За фил:
-
2 главици кромид
-
1 праз
-
1 морков
-
200 г ориз
-
100 г печурки
-
400 г туна
-
кисела зелка
За прелив:
-
1 лажичка слатка пиперка
-
3 чешна лук
-
вода
Подготовка:
-
Најпрво, ситно исечкајте црниот кромид и празот, па динстајте ги на масло.
-
Потоа додадете шаргарепа и сечкани печурки. Посолете по вкус.
-
Измијте го оризот и додајте го во смесата. Додајте зачини по вкус и процедена туна.
-
Листовите од зелка претходно измијте, ставете го филот и завиткајте.
-
Наредете ги сармите во намастена тава и прелијте ги со преливот од измешан мелен лук, вода и слатка пиперка.
-
Печете околу 30 минути на 200 степени.
