Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени, а максималната ќе достигне 25.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде до 21 степен.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни (над 20 l/m2) и проследени со грмежи. Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Дали ни претстои вистинска зима, кога и колку ќе биде интензивна?

Сведоци сме на многу топол октомври, иако не ја надмина максималната дневна температура, но според параметарот на просечната температура ова е најтоплиот октомври во изминатите 135 години.

Метеорологот Недељко Тодоровиќ одговори на прашањето дали ни претстои вистинска зима.

– Гледајќи некои природни закони, со оглед на тоа што во изминатите два месеци имаше помалку врнежи, тогаш во следните неколку месеци треба да има повеќе. Но, услов за снег е и студениот воздух. Во следниот месец тие два фактора тешко можат да се спојат. Затоа, многу е мала веројатноста дека ќе има врнежи од снег во ноември, освен во планинските региони.

Долгорочните прогнози се навистина неблагодарни, практиката покажа дека се неверодостојни, па не можам да кажам кога ќе падне првиот снег или дали во текот на зимата ќе има доминантно студено време во вид на снежни врнежи – започна Тодоровиќ.

Тодоровиќ рече дека годинава има поголема веројатност за дождови:

– Ако го гледаме десетгодишниот тренд, во периодот од декември до февруари имавме 60 отсто дожд и 40 отсто снег. Значи, поверојатно е да врне во зима отколку снег. Календарот си го прави своето, врнежи ќе има, но неизвесно е колку би траел тој студен, снежен период.