За приведувањето на српскиот фолкер Аца Лукас, премиерот Христијан Мицкоски бил запознаен од лицата од неговиот кабинет, по завршување на случувањата.

Прашан за коментар откако пејачот и неговиот менаџер го обвинија за скандалот, премиерот вели дека некој сака да прави естрада.

– Мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува. Многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери – порача Мицкоски.