НЕ ГИ ПРИФАЌАЈТЕ ОВИЕ ПОДАРОЦИ НИКОГАШ: Ако некој ви подари нешто вакво, не го внесувајте во вашиот дом!Фенг шуи е традиционален кинески метод или уметност на одредување на најпропорционалниот дизајн и декорирање на просторот за да можете да ја постигнете максималната хармонија како резултат на протокот на позитивна енергија помеѓу вас и околината.




Се верува дека вистинското фенг шуи е од голема корист за вашето здравје, богатство и среќа. Тоа е и начин на живеење, бидејќи ги вклучува сите аспекти од вашата дневна рутина, почнувајќи од вашиот работен простор, па сè до вашата спална соба, дневна или тоалет.




Фенг шуи не е само обично сместување на одредени објекти, туку е наоѓање на вистинското место, боја и осветлување за секоја соба со цел да постигнете максимална рамнотежа и хармонија.
Но, пред дури и да почнете да размислувате за фенг шуи објектите, прво мора да го исчистите вашиот дом од сè она што не ви е потребно. Мора да се ослободите од сè што претставува лоша енергија. Откако ќе завршите, можете да се префрлите на боите, формите и основните фенг шуи елементи.




Земја, оган, дрво, метал и вода се 5-те основни фенг шуи елементи. Дрвото се претставува со зелена и кафена, огнот со црвена, силни нијанси на жолта, портокалова, виолетова и силна розова. Белата и сивата се употребуваат за металот, сината и црната за водата, додека пак земјата е нежно жолта, светло кафена или боја на песок.




Зелената е одлична за подобрување на вашето здравје и би требало да биде искористена во Источната фенг шуи багуа област во вашиот дом. Белото би требало да има свое место во Северната багуа област за раст на кариерата, во Источната може да помогне за фамилијата и здравјето, додека пак местото во југоисточната е резервирано за богатството.




Според експертите за фенг шуи, треба многу да внимаваме на тоа какви работи внесуваме во нашиот дом.
Прашањето е дали навистина не е важно какви подароци добиваме од другите луѓе или треба малку повеќе да се грижиме за тоа.




Се верува дека најлошото нешто што можеме да го внесеме во куќата е подарок добиен од љубоморна и завидлива личност, која во длабочините на душата не ни посакува добро.
Таквите луѓе не се среќни кога ви оди добро, кога ќе постигнете нешто важно и големо за вас, туку тие први ќе ви донесат подароци.




Нивната негативна енергија ќе се пренесе на предмети и полека, но сигурно ќе делува на вас и на вашата околина. Тоа ќе внесе немир и друга негативна енергија во вашиот дом.




Ако таа личност едноставно „не се вклопува“ , без разлика колку е добра со вас, тоа е првиот и веројатно најсилниот знак дека не треба да добивате никакви подароци од таа личност.
Вашата интуиција е многу силна и не треба да ја игнорираме. Слушајте ги вашите чувства и бидете сигурни дека ретко ќе направите грешки.




Ако планирате само да го оставите подарокот, нема да успее. Најдобро би било да го фрлите што подалеку од куќата, според некои можеби дури и ќе го запалите
