Според Попоски денеска и тоа под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.




Поради заладувањето врнежите од дожд на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег, а сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец.




– Температурите ќе бидат значително пониски за разлика од денешните и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени. Потоа од среда следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време, но ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.




Температурите ќе останат пониски и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, додека наутро истите на некои места ќе се спуштаат и под нулата – заклучува метео прогнозерот.




Ваквото време ќе се задржи цела недела, поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат викендот што следува.
