Новинарите го налутија Роналдо: Јас одлучувам за мојата иднина и никој друг

Најголемата ѕвезда на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо се изнервира на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар со Македонија за пласман на СП во Катар, поради прашањата на новинарите.

Португалија и Македонија утревечер (20.45 часот) на стадионот „Драгао“ во Порто, а влогот е пласман на Светското првенство во Катар.

Новинарите го прашаа фудбалерот на Манчестер јунајтед дали ќе ја стави крај на репрезентативната кариера доколку загуби од Македонија и тоа прашање го налути.

– Почнувате да се повторувате, ова не е прв пат да ми поставувате вакви прашања. Јас сум тој што одлучува за мојата иднина и никој друг. Доколку сакам да играм и понатаму, ќе играм. Доколку не сакам да играм, нема да играм. Јас сум главен и точка – рече лутиот Роналдо.