Во периодот од вторник до петок локално се очекуваат и поголеми количества врнежи.

Утрото денес во поголемиот дел осамна ведро и многу студено, на повеќето места со мраз. Во продолжение на денот ќе биде значително потопло, со многу сонце. Максималната температура ќе биде од 8 до 14 степени.

Кон крајот на денот се очекува наоблачување, а во текот на ноќта се очекува дожд.

Од утре се очекува влијание на силен циклон од централниот Медитеран, со изразени јужни струења.

Се очекува посилно наоблачување, а во текот на вечерните часови и ноќта дожд и локални поројни врнежи. Максималната температура ќе биде и до 18 степени

Од среда се очекува посвежо и променливо време, повремено со дожд, а на планините со снег.

Новиот циклон, повторно од централниот Медитеран, ќе се движи по јужна траса преку јужниот дел на Јадранот, повлекувајќи постудена воздушна маса која ќе продре преку Панонската Низина.

Ветерот ќе се заврти на северозападен.

Во четврток и петок продолжува падот на температурите, а снег локално се очекуваат и во пониските делови.

Во периодот од вторник до петок на некои места се очекуваат и поголеми количества врнежи.

За викендот – малку потопло.