Метеорологот Иван ја даде најновата временска прогноза за наредните денови.




Во Македонија денеска претежно сончево со дневни температури малку под просекот за овој период од годината.
Најниската температура ќе се движи од -8 до -1, а највисоката дневна од 8 до 11 степени.




– Студената олуја овај период што владее во Македонија треба да трае до утре попладне, но ниските температури нема да не заобиколат во недела и понеделник – посочува метеорологот Иван.
Температурите во следните два дена ќе бидат под просекот за овој период од годината, а промена на времето метеорологот најавува од вторник.




Иван од 22 март најавува вистински пролетни температури кои секојдневно ќе растат до крајот на месецот.




– Во вторник на 22 март ќе пристигне долгоочекуваното затоплување и во вистинска смисла на зборот пролет. Секој нареден ден ќе биде потопло, па за следниот викенд се очекуваат максимални температури над 20 Целзиусови степени – рече Иван.




Нема да има повеќе мразови
– Нема да има повеќе утрински мразови од четврток на 24 март, не очекуваат врнежи, па ќе преовладува сончево време со слаб ветер – посочува тој.




До крајот на месецот ќе имаме вистинска пролетна и убаво време со пријатни температури.
