Никој не очекуваше ваква трагедија

Кога одиме на одмор, последно што очекуваме е нешто страшно да тргне наопаку. Сте го платиле хотелот, таму очекувате апсолутна безбедност, но тоа не е секогаш така.

За само една ноќ тројца американски туристи го загубија животот во ексклузивното одморалиште на Бахамите. Мајкл (68) и Роби Филипс (65), како и Винсент Кјарела (64) биле пронајдени мртви во своите соби во одморалиштето Сандалс.

Никој не ја знаел точната причина за смртта на овие луѓе, па мистеријата траела повеќе од еден месец. Сега властите ја објавија причината за смртта на тројца туристи чиј одмор во луксузно одморалиште ги чинеше живот.

Тројца Американци починале од труење со јаглерод моноксид, а полицијата во моментов истражува како точно се отруле. Од хотелот накратко соопштија дека се работи за изолиран инцидент.

– Скршени сме поради оваа незамислива трагедија. Надлежните преку истрага утврдиле дека во една зграда во која биле сместени два стана се случил изолиран инцидент. Инцидентот не е поврзан со системот за ладење или вентилација на целиот комплекс, ниту со храна и пијалоци – соопштија од хотелот.

Во соопштението се додава дека, поради страшната смрт на тројца гости, во сите простории биле поставени детектори за јаглерод моноксид „иако тоа не го бара законот“.