Оливер Симонов има триесет и три години и со потекло е од Свети Николе. Пораснал во семејство на разведени сопружници, детството и дел од младоста ги минал со таткото и сестрата.

Во детството бил многу повлечен, па често го навредувале другарите. Одлучува да се ожени и да создаде семејство, добива и социјален стан. Пред три години го доживува и најубавиот животен период. Му се раѓа ќерката Бојана. Но, таа среќа нема долго да трае.

Жената го остава, па се премажува, а тој тоа тешко го прифаќа и преживува. Принуден е да ја остави ќеркичката во дом. Денес болен, несреќен и тажен, живее во многу лоши услови. Нема бања и тоалет. Нема бојлер и перална. Нема средства за да плати кирија и сметки. Неколку пати сакал од тага и да посегне по својот живот. Вели, кога би му помогнале, сака да си го врати детето дома, зашто деноноќно мисли на него.

– Бев многу повлечено и мирно дете. Мал бев кога моите се разделија, па, израснав со татко ми и сестра ми. Не бев среќен ниту како дете. Кога пораснав посакав да создадам семејство и да му обезбедам сè што немав јас-започнува со својата животна сторија Оливер.

– Да има некој да ми помогне прво ќе купам машина за перење и бојлер. Ќе ги платам заостанатите сметки и ќе си ја вратам дома Бојана. Само за неа живеам-завршува Оливер.

Сите што сакате да му помогнете на ова семејство тоа може да го направите на телефонскиот број 074/240541 или пак на следната жиро-сметка 240317010511132 Уни банка.

Целата сторија можете да ја прочитате на следниот линк Приказна.мк

Автор Оливера Петрушевска