После венчавката од соништата, тој на првата брачна ноќ го направи ова.. – Ништо повеќе нема да биди исто, кога и да се сетам на тоа очите ми се полнат со солзи

Несреќната невеста се уште не сака да ги погледне свадбените фотографии или да се сеќава на нив. Таа вечер ја помина плачејќи во бањата Младенците ја направија совршената венчавка од соништата. Тие беа заедно три години. Таа имаше 26, тој 28, а се венчаа на Карибите. Се беше совршено – гостите задоволни, времето прекрасно, храната вкусна, романсата владееше. Сè беше точно како што замислија – влегување во црква, сечење на тортата, првиот танц…

Но, се пропадна во моментот кога требаше да започне најубавата вечер во нивниот живот, првата брачна ноќ. Несреќната невеста се уште не сака да ги погледне свадбените фотографии или да се сеќава на нив. Таа вечер ја помина плачејќи во бањата. Како и сите младенци, по венчавката, отидоа во собата. Се гушкале и сакале да заспијат, а потоа новиот сопруг ја нарекол по името на нејзината пријателка. И кажал дека многу ја сака но ја нарекол со друго име и тоа не било кое име туку името на нејзината другарка

Во тој момент едноставно исчезна сета романса и страст, а потоа ништо не беше исто. „Сè уште можам да го слушнам. Беше одвратно. Ако ги погледнам сликите од свадбата, се ќе ми се врати. Таа вечер само ми се извини, рече дека не е ништо. Навистина мислам дека немаше ништо меѓу нив. Тој сака да се преправа како ништо да не се случило, но јас не можам“, рекла невестата, пренесува The Sun.

Брачниот советник Деидра Сандерс рече дека најважно е да се сакаме. Ако изневерувањето не се случило, тогаш би можеле заедно да го пребродиме тоа.

„Секогаш кога ќе помислите на овој несреќен момент, запомнете три убави спомени. Држете се за раце, бакнувајте се, сакајте се и градете иднина заедно“, рече Сандерс.