Медиумите со години анализираа зошто рускиот претседател Владимир Путин ја држи десната рака речиси неподвижна, а пред неколку години стигна и објаснување.




Имено, Путин ја држи десната рака речиси неподвижна поради интензивната обука во руската разузнавачка служба КГБ, а не поради Паркинсоновата болест, се вели во студијата објавена од Британскиот медицински журнал (BMJ) пред неколку години, пишува „ Ало.рс “. “.




Тим невролози од Португалија, Италија и Холандија анализирале положби и движења кои можеби се први знаци на некои болести, а научниците биле „изненадени“ од начинот на кој оди Путин, пренесува АФП.




Според француската агенција, на видеото на кое се гледа одењето на рускиот претседател, неговата лева рака нормално ги следи чекорите, додека десната е целосно вкочанета, што често е знак за Паркинсонова болест.




Сепак, лекарите не открија други симптоми на болеста на Путин, како што се тремор, вкочанетост или лоша координација, напротив: шефот на руската држава има „одлични моторни вештини“, носи црн појас во џудо, крева тегови и плива и пишува брзо и без треперење на рацете.




Објаснувањето што го дадоа научниците на крајот од студијата се однесува на посебните начини на обука кои се наоѓаат во прирачникот што го користела поранешната советска разузнавачка служба КГБ.




Прирачникот, кој тие го преведоа на холандски, им наложува на оперативците да го држат оружјето во десната рака блиску до градите и да се движат на едната страна, обично левата, а идејата е дека полицајците можат брзо да извадат пиштол.
