Републичкиот хидрометеоролошки завод ја даде најновата прогноза за следните седум дена




Поголемиот дел од денот претежно сончево и исклучително топло. Попладне на запад и југозапад, навечер на северозапад, а во текот на ноќта и во другите региони со локален развој на облачност, краткотраен дожд со грмежи и локално краткотрајно невреме со град. А во подрачјето на врнежите можен е силен или невреме.




Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ=9
Во Скопје, сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.




До среда ќе се задржи многу топло време. Во среда попладне и во четврток во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.




СРЕДА 27.07.2022 : Суво на север со подолги сончеви интервали, а во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд или локални врнежи со грмежи. Ќе дува слаб и умерен ветер, на исток повремено засилен северозападен. Најниската температура од 17 до 21, а највисоката од 30 до 34 степени. Предупредувања: Локална појава на грмежи, веројатност 95%. Tmax ≥ 32 степени, веројатност 95%.




ЧЕТВРТОК 28.07.2022 : Претежно сончево и топло, само на крајниот југ, со локален развој на облачност на места со краткотраен дожд со грмежи. Слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Најниската температура од 17 до 21, а највисоката од 30 до 34 степени. Проценка: Tmax ≥ 32 степени, веројатност 80%. Локални грмежи, веројатност 80%.




ПЕТОК 29.07.2022 : Претежно сончево и топло. Слаб ветер јужен и југоисточен. Најниската температура од 17 до 22, а највисоката од 33 до 36 степени. Проценка: Tmax ≥ 35 степени, веројатност 95%.




ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА НАРЕДНИТЕ ПЕТ ДЕНА (од 30.07.2022 до 03.08.2022 година)




Претежно сончево во повеќето денови со благ пад на максималните температури до вредности од 32 до 36 степени, само во викендот послабо заладување со променлива облачност, понекаде краткотраен дожд со грмежи.
