Поради постојаното намалување на добитокот, во наредниот период на нашиот пазар ќе има недостиг на домашно говедско месо, а месото ќе стане луксуз, велат соговорниците на медиумите.




Како што велат, намалувањето на производството на говедско месо ќе доведе до уште поголем увоз на месо со сомнителен квалитет, а цените драстично ќе пораснат.




Според податоците на Европската комисија за трендовите на пазарот, се посочува дека производството на говедско месо во ЕУ годинава ќе се намали за 0,6 отсто.




Според овој извештај, поскапувањето на говедското месо започнало во средината на 2021 година, а во мај 2022 година достигнало речиси 500 евра за 100 килограми.




„Намалување на бројот на животни е видливо во Франција и Германија, додека раст е забележан во Италија, Естонија и Ирска. Се очекува зголемувањето на бројот на заклани глави на крајот на годината да биде последица на висока цена и помала достапност на добиточна храна“, се вели во извештајот.




„Потрошувачката оди како што оди, ако нема доволно домашно месо, тогаш се продава увозно месо кое е неквалитетно бидејќи цената кажува се. Невозможно е во моментов да се направи квалитетно месо по овие цени. За повеќето граѓани, месото е веќе луксуз и се ќе станува полошо и полошо ако нешто не се промени“.
