Љиљана Мијатовиќ, која многумина ја паметат по улогата во филмот „Ѕверови“, со Жељко Ражнатовиќ Аркан ја доби ќерката Анѓела.

По 45 години Љиљана Мијатовиќ проговори за наследството, но откри и како Цеца Ражнатовиќ се однесува со нејзината наследничка.

Љиљана Мијатовиќ

– Што се однесува до неговото наследство, Анѓела не наследи ништо од нејзиниот татко, а јас ја советував да не учествува во овие судски процеси. Не беше тажна поради тоа, ниту пак ја интересираше такво нешто, па не сакавме да учествуваме во тоа“, рече таа, а потоа се наврати на односот на Цеца со нејзината ќерка.

– Цеца тогаш одлично се снајде, беше многу млада, Жељко во тоа време веќе беше зрел човек. Таа беше многу коректна кон мојата Анѓела. Дури и по неговата смрт, таа беше многу коректна. Можам само да ѝ се заблагодарам и да кажам се‘ најдобро за неа. Глупости се приказните дека Вељко има повеќе пари од Анѓела која нема пари и дека „плива во пари“, како што некои велат. Тој е фраер за себе и Господ да му даде уште повеќе пари. Нивната љубов нема врска со пари. Го сака затоа што е мил и љубезен и имаат многу заедничко во нивните приказни – ја завршила својата исповед Љиљана за каналот „True Story“, пренесува Ало.