Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и се обрати на јавноста со ново видео кое беше објавено на социјалните мрежи.

Обраќајќи се на англиски, тој рече дека Украина се брани од Русија „многу подолго отколку што планирале напаѓачите“.

„Но, Русија сè уште има капацитет да изврши напад, а не само против Украина. „Полска, Молдавија, Романија и балтичките земји ќе станат следните цели доколку падне слободата на Украина“, се вели во една од неговите пораки.

Тој исто така рече дека е потребно дополнително оружје за да се спасат милиони Украинци и Европејци.

Потребна ни е тешка артилерија, оклопни возила, системи за противвоздушна одбрана и борбени авиони“, рече украинскиот претседател.