Екс специјалната шефица на специјалните обвинители Катица Јанева по подолго време на јавноста и најави вистински пресврт.

За време на велигденските празници, таа преку социјалните мрежи сподели пораки до целата јавност. Објавите се јавни, не се ограничени, што значи дека можат да ги видат сите.

Таа во првата порака објавена на ден Велигден напиша: „Се трудев да угодам на сите, не чинев. Од сега ќе се трудам да си угодам на себеси, и натаму нема да чинам на никого“.

Во понеделникот, Јанева, го надополни своето излагање. Сподели фотографија со дланка која држи шајки, што симболизира болка. На неа имаше испишано и нова порака.

„Од дното стануваат само храбрите. Тоа не е работа за слабите“, пишува на фотографијата.

Се чини дека Јанева тек сега започнува да најавува вистински пресврти. Особено, што овие пораки доаѓаат за време на големиот христијански празник, но и по нејзиното појавување во јавност на рочиште во Граѓански суд. Таму, Јанева за првпат преку сарказам почна да „удира“ по многу важни и големи лица од македонското општество, како што се бизнисмени, обвинители, политичари.

error: Content is protected !!