Македонскиот пејач Дарко Илиевски кој со прослави со шоуто „Идол“, откри дека ја загубил најважната личност и најголемата љубов во својот живот, неговата мајка.

Пејачот скршен од болка, со трогателна објава на социјалните мрежи се прости со неа.

– Драги пријатели, со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамо, те сакам најмногу! Чувајте се со тато. Доколу сè уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате…еден ден ќе немате можност да го направите тоа! – напиша Дарко во својата објава на социјалните мрежи.

Татко му на Илиевски почина во август годинава.

„Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш“, напиша тогаш тој.