Министерот за здравство Фатмир Меџити конечно ја обелодени причината за смена на директорката на Клиниката за инфективни и фебрилни болести, д-р Милена Стевановиќ. Изјави дека документацијата не и била комплетна, односно дека и истекол сертификатот за познавање на англиски јазик

„Не е разрешена директорката, ниту пак и беше истечен мандатот, мислам дека е до април. Дректорката сама си објавила конкурс за мандат и ние во министерството ја прегледувавме документацијата и утврдивме дека има истечен сертификат за јазици. Имаше двајца кандидати и ние го одбравме тој што беше со комплетна документација“, изјави Меџити.

Но, според извори на Фактор, д-р Милена Стевановиќ полагала англиски јазик во British Councle, каде што се издаваат сертификати за познавање на јазикот според европската скала и кои што траат доживотно. Што се однесува пак до нивото на кој д-р Стевановиќ го познава англискиот јазик, говори нејзината биографија во која во делот на едукацијата стои:

Магистерските студии д-р Стевановиќ ги има подготвувано во Ројал Стејт Хоспитал Лондон и Челзи Вестминстер Хоспитал Лондон. Една година била на специјализација исто така во Англија./Faktor