Село во соседна Србија иако се труди да биде препознатливо по овоштарството и земјоделството, сепак е претпознатливо само по едно – бројот на вдовици.

Малото населено место во близина на Смедерево, два века носи назив Удовице (Вдовици), а сега има во просек по 130 вдовици на 2.000 жители.

Постојат неколку теории за ова мистериозно место во Србија.

Според една легенда овде постоело селото Подгорица, од кое Змајскиот деспот Вук, за да ги казни селаните што го прикриле Алибег, собрал 60-70 селани и ги погубил. Бидејќи во тоа време во селото имало многу вдовици, селото го нарекле така.

Местото е препознатливо по уште една работа! Најдобро чуваните гробишта. Од 27 села во општина Смедерево, Удовице има најзачувани гробишта.

Старите велат дека денешното село не е на местото на поранешното село, туку на место каде порано имало манастир кој се викал Кокора, а денес се гледаат траги од истиот.

Селото се споменува во арачките списоци од првите децении на 19 век, а во 1818 година селото имало 25 куќи. Во 1846 година во селото имало 51 куќа, а според пописот од 1921 година имало 204 куќи со 1.097 жители.

Семејствата од тоа време биле главно помлади доселеници. Иако поминало многу време од легендата за потеклото на името на селото, сепак ова село ја има истата карма. Вдовици.