Преговорите меѓу руската и украинската делегација во Белорусија се во тек.




Денеска се одржува нова рунда преговори меѓу Русија и Украина.




Според странските медиуми, преговорите меѓу руската и украинската делегација во Белорусија се во тек и се водат во Брест.




На Твитер е објавено видео на кое се гледа руската делегација, во моментот кога пристигнала на местото на средбата.




Специјалната операција на руската армија во Украина влезе во 12-ти ден.




Вчера рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон имаа двочасовен разговор во кој Макрон рече дека стравува од нарушувања на нуклеарната безбедност. Само неколку часа по завршувањето на разговорите беше објавено дека нуклеарната централа во Запорожје е под команда на руските сили.
The Russian delegation arrived for negotiations with the Ukrainian side#RussianUkrainianWar pic.twitter.com/FnPoHgQTvW
— Ukrainian Reality (@ukrainiareality) March 7, 2022
