Кога организмот е во добра состојба тоа се одразува и на состојбата на кожата. Самиот морков има многу позитивни ефекти за организмот благодарение на влакната, витаминот А и бета каротинот со кој изобилува. А, кога ќе го измешате со уште неколку состојки се добива вистински мелем за стомакот.




Овој лек е познат од дамнина а нашите баби го користеле при проблем со цревата и за да ја вратат свежината на кожата.
Посебно е користен при успорени црева, надуеност и дуење. Овој лек успешно ќе го реши и проблемот со тврдата столица а се подготвува на следниот начин:




Состојки:
- 3 поголеми моркови
- 1 лажичка мед
- црвен пипер
- 1/2 лажичка масло
Подготовка:морковите исчистете ги и изрендајте во соодветен сад и додајте ги опстанатите состојки. Мешајте се додека не се соединат и лекот е подготвен за употреба. Се препорачува мешавината да се јаде наместо појадок, а потребно е да се конзумира половина час после будење.




После 10. дена редовна примена ќе забележите подобрување и чувство на леснотија во стомакот.
