Вечерва навиваме со син ми Иво!
Знам дека одново ќе испишеме историја и силно верувам во нашите фудбалери.




Македонската репрезентација е сплотена, силна, мотивирана како ниедна во светот и вечерва ќе го даде најдоброто од себе.




Само напред и храбро дечки, вечерва нема што да загубите! Ги освоивте срцата на Европа и светот и ја промовиравте државата како никој никогаш во минатото.




Вие станавте симбол за тоа како малите можат да ги победат големите.




Верувам во вас, верувам во оваа репрезентација, одиме на светско првенство!
