Ќе дува слаб до умерен, а околу пладне и засилен западен и северозападен ветер.
Времето во Македонија утре ќе биде облачно и значително постудено, а на планините се очекува слаб снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб и умерен, а во текот на денот и засилен западен и северозападен ветер. Најниската температура ќе се движи од -10 до -2 степени, додека највисоката дневна ќе биде од -1 до 2 степени. Во новогодишната ноќ се очекува слаб до умерен мраз, а во северните делови од земјата е можна и појава на слаб снег.
Времето во Скопје
Во Скопје утрото ќе биде значително постудено, претпладне претежно сончево, а во текот на денот ќе има постепено наоблачување. Ќе дува слаб и умерен западен и северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од -7 до -4 степени, а максималната дневна околу 1 степен.
Во првите денови од новата година се очекува претежно сончево и потопло време, а кон крајот на неделата умерен до засилен јужен ветер, со највисоки температури во поголем дел од земјата од 9 до 14 степени.
Биометеоролошка прогноза за среда, 31 декември:
Поголемиот дел од хронично болните лица може да имаат вообичаени тегоби поради биометеоролошката состојба. Се препорачува зголемена внимателност кај астматичарите и лицата со цереброваскуларни заболувања.
