УХМР најавува промена на временските услови.




Денешниот кул и мрачен ден не навестува крај на убавото време, а летниот период СЕУШТЕ нема да заврши.




За викендот и почетокот на следната недела повторно се очекува суво, стабилно и потопло време со дневна температура од 20 до 25 степени на повеќето места“ , се наведува во тековното соопштение.




– Појавата на период на суво, топло и претежно сончево време, со температури над просекот, што се јавува од средината на септември до средината на ноември, популарно се нарекува Михојлско лето. Овој период најчесто се јавува во текот на октомври во дел од месецот кој е стабилен, сув и со температури над просекот за одредена деценија во месецот. Ако таков период на топло и стабилно време се случи во ноември, тогаш тој сè уште се нарекува „златна есен“.




Можно е да има неколку периоди во текот на истата есен. Ова лето може да започне порано или подоцна во текот на есента и да трае пократко или подолго – рече претходно проф. д-р Југослав Николиќ, дипломиран метеоролог.




Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната до 18 степени.




До петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Во четврток попладне и кон крајот на денот локално ќе има услови врнежите да бидат поројни. Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, информираат од УХМР.
