Писмото што американскиот војник стациониран во Германија и го испратил на мајка си во Масачусетс, е предадено 76 години откако било испратено, пишува Гардијан .




Наредникот Џон Гансалвас, кој тогаш имал 22 години, и пишал на мајка си во Вобурн во декември 1945 година по официјалниот крај на Втората светска војна.
Писмото лежело неотворено повеќе од 75 години пред да биде пронајдено во дистрибутивниот објект на американската поштенска служба во Питсбург.




„Драга мајко, денеска добив уште едно писмо од тебе и среќен сум што пишува дека се е во ред. Што се однесува до мене, добро ми е и овде добро се согласуваме. Но, што се однесува до храната, таа е главно лоша“, се вели во писмото на војникот.
На потписот пишуваше: „Ти испраќам љубов и бакнежи, твојот син Џони. Ќе се видиме наскоро, се надевам“.




Гансалвас и неговата мајка починаа. Меѓутоа, USPS ја пронашла адресата на Анџелина, вдовицата на Гансалвас, која војникот ја запознал пет години по испраќањето на писмото.
Вработените во USPS испратија и свое писмо во кое напишаа дека „доставувањето на ова писмо е од најголема важност за нас“.




Откако семејството Гансалвес го добило писмото, се јавиле во институцијата што го доставила писмото и им се заблагодариле.
„Не верувавме, но потоа го видов неговиот ракопис и тоа беше тоа“, рекла Анџелина.




Иако помина уште еден одмор без сопругот кој почина во 2015 година, таа истакна дека овој празник бил малку поинаков: „Знаете, како повторно да ми се врати“.
