Интензивна потрага е во тек по 48-годишниот велешанец Стојанче Клифов, кој мистериозно исчезнал во ноќта меѓу сабота и недела, околу полноќ.
Неговата сестра Наташа раскажува дека Стојанче живеел со нивните родители и никогаш претходно немал навика да замине без да каже каде оди, што ја прави ситуацијата уште поалармантна.
„Брат ми излегол од дома околу полноќ. Не знаеме како бил облечен, но станува збор за крупен човек, висок околу 1,83 метри. Од информациите што ги имаме, заминал со такси кое го оставило кај Жито Маркет. Со себе го носел мобилниот телефон, но токму на местото каде што го оставило возилото – му се губи сигналот. Многу сме вознемирени, секоја информација е добредојдена,“ изјави сестрата за „Викимедиа“.
Таа упати и јавен апел:
„Доколку некој го видел или има каква било информација, веднаш нека се јави во полиција или на мојот број – 076 226 323.“
Семејството и полицијата продолжуваат со потрагата, а времето станува пресудно.
