Во Македонија во следните седум дена ќе биде променливо облачно, посвежо.




Во Македонија утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со повремен дожд или локален дожд со грмежи, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод.




Локално можни се и краткотрајни временски појави со поголема количина на врнежи, град и силен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Најниската температура ќе биде од 16 до 20, а највисоката дневна од 25 на север до 32 степени на исток и југоисток.




Во Скопје утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, повремено со врнежи од дожд или локални врнежи со грмежи. Во некои делови од градот можни се краткотрајни временски појави пропратени со град, обилни врнежи од дожд и силен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Најниската температура ќе има вредност околу 20, а највисоката дневна околу 27 Целзиусови степени.




Во Македонија следните седум дена ќе биде променливо облачно, посвежо, а до петок главно во ридско-планинските предели со врнежи од дожд и локална појава на врнежи со грмежи.




Во Скопје во истиот период ќе има слично време.
Биометеоролошка прогноза за вторник, 9 август: Очекуваните биометеоролошки услови неповолно ќе влијаат на чувствителните луѓе. Можни се проблеми кај хроничните пациенти, а особено на астматичарите и лицата со висок крвен притисок им се препорачува да ги слушаат советите на лекарот. Ревматските болки и главоболките ќе бидат најизразени кај метеоролозите.
