Во Скопје утре ќе биде свежо време со дожд, попладне се очекува врнежите да престанат, а потоа постепено да се разведруваат.

Ќе дува слаб, променлив ветер, а најниската температура околу 5 степени, највисоката околу 11.

Ведро и студено ќе биде во четврток претпладне. Во текот на денот потопло со постепена облачност. Од петок до крајот на периодот променливо облачно со локална појава на краткотраен дожд и натамошен мал пораст на температурата.

Во Македонија утре ќе биде облачно и свежо, со повремени врнежи од дожд, на планините со снег со формирање/зголемување на снежната покривка.

Попладневните и вечерните часови прекин на врнежите, а потоа постепено разведрување.

Ветер слаб, променлив. Најниската температура од 1 до 6, највисоката од 7 на југ и југоисток до 14 степени на северозапад.

Според прогнозата на РХМЗ до 27 април претпладне времето ќе биде ведро и студено со слаб површински мраз, а на места на југозапад, југ и југоисток се очекува слаб мраз.

Во четврток во текот на денот ќе биде потопло со постепена облачност од југозапад, што од средината на денот ќе услови повремени врнежи од дожд во јужните и југозападните предели.

Од петок до крајот на периодот променливо облачно со натамошен пораст на температурата.

Во петок во сите делови се очекуваат врнежи од дожд, а од сабота во поголем дел суво, само на места со слаби краткотрајни врнежи.