На сета скрб денеска, малку и смеа.




Лежам на Трансфузиологија, врзан со машината за да дарувам тромбоцитна маса за еден брат во Христа кој е во критична состојба, па откако дечкото запиша дека сум свештеник, а од втора го погоди името на црквата, ме прашува дали да ми даде потврда за слободни денови од работа.




Си мислам, кај би ја носел потврдата, што би правел со неа, па му викам: Немај гајле, не треба, Шефот од Горе разбира и без тоа. Нормално, требаше да повторам на кој шеф мислам.




Смеа на страна, имајте ги во молитвите Славе и неговото семејство, а исто така донирајте за неговото лекување на следната сметка:
- Ивана Накова Блажевски
- 210501634601951
- НЛБ Банка
- Дознака: Донација за Славе
- Или на броевите:
- Телеком – 143155
- А1 – 143486

