ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека планира да ја дочека Новата година со своите најблиски и да го слуша неговото новогодишно обраќање до нацијата.

На прашањето како планира да ја помине новогодишната ноќ за телевизијата „Русија-1“, Путин со насмевка одговори:

– Ќе седам со семејството, ќе ја прославам Новата година и ќе го слушам претседателот – пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Путин традиционално ќе ја дочека Новата година во друштво на семејството и пријателите.

Тој рече дека празниците за Путин ќе бидат делумно работни и додаде дека претседателот на Русија ретко го поминува тоа време целосно „како новогодишните празници“.

– Мислам дека (Путин), како и сите други, првите неколку дена ќе ги искористи само за одмор. Иако, не може да има целосен одмор – рече Песков.

Тој објасни дека шефот на државата мора постојано да работи, особено кога ситуацијата во Европа е загрижувачка.

Нашите политичари како ќе ја поминат новата година пишете ни во коментар?