




Српскиот претседател Александар вучиќ, во денешното обраќање до анцијата, изјави дека нивната сеидба била одлична, а во моментов имаат двојно повеќе пшеница и пченка отколку што и треба на Србија.




– Добивме барање од Македонија и ќе им доставиме затоа што имаме повеќе од доволно. За сите земји во регионот. Имаме доволно мелена пченица, доволно ни е и брашното. Апсолутно нема да имаме проблеми со пченицата и пченката. Кога зборувам за пченка, мислам и на фуражна стоќна пченка, така што нема да недостасува ништо и за сточниот фонд.




Донесовме одлука дека сè уште нема да го ограничуваме извозот, бидејќи нашите земјоделци треба да заработат. Подготвивме мерки за ограничување на извозот на пченица и пченка на 20 отсто од вкупното производство доколку има потреба.




Но, засега немаме апсолутно никакви проблеми – рече тој.
