




На социјалните мрежи се шири видео од украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена, направена на Денот на вљубените оваа година.




Снимката е направена два дена пред 16 февруари, датум за кој американското разузнавање предупреди дека може да биде денот кога започнала инвазијата. Инвазијата на крајот започна на 24 февруари. „Заедно сме, дома сме, во Украина сме“, рекол Зеленски во видеото на кое позира со сопругата додека таа држела букет цвеќе.




Олена им се обрати и на Украинците. Се сакаме и ја сакаме Украина“, изјави таа пред камерата. После тоа следуваше бакнеж во образот. Видеото деновиве повторно се шири на интернет и предизвикува бројни коментари. „Овој човек е целиот пакет“, „Бог да го благослови него и неговото семејство, кои можеа да знаат што ќе се случи десет дена подоцна“, коментираат некои сега.




Сепак, некои ја искористија снимката за да ги критикуваат потезите на украинскиот претседател. „Тој ги уверуваше луѓето дека се ќе биде во ред и ги доведе во ситуацијата во која се сега“, „Како тинејџер се однесува во клучна ситуација, еве што имаме сега“, се жалат некои.




Наместо да се грижи за народот тој споделува букети…
Кој е вашиот коментар споделете со нас!
Видеото погледнете го ТУКА
