




Покрај укинување на мерката за задолжително носење на маска на учениците од основните училишта Комисијата за заразни болести донесе уште две нови препораки.




Како што информираше претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Прличковски втората препораката е за капацитетот на исполнетост во затворени објекти.




Исполнетост во затворени објекти како театар, кина, односно наместо исполнетост од 50 отсто – сега се оди на 75%.




Третата пак се однесува на користење на сертификати во отворени угостителски објекти, односно да не се бараат сертификати во овие делови од објектот.
