Аспиринот е еден од најпознатите лекови против болки, но неговите моќи се многу поголеми и всушност е добар помошник во некои други ситуации, од помагање да се отстранат дамките од облеката до стимулирање на растот на растенијата и ублажување на убоди од комарци.




Аспиринот поради својот хемиски состав на чудесен начин ја враќа белината на алиштата, а за да се постигне тоа потребно е да се растворат пет таблети во седум до осум литри топла вода. Ставете ги сивите алишта што сакате да ја вратите свежината во овој раствор преку ноќ и утре измијте ги во машина за перење.




Аспиринот е корисен и за цвеќиња или растенија. Тоа ги прави поотпорни и го поттикнува нивниот раст. Растворете еден аспирин во три и пол литри вода и со растворот испрскајте ги растенијата.




Исто така, помага да се отстранат дамките од пот и дамките од јајца. Сомелете неколку таблети во прав, додадете малку вода за да направите паста што се става на загадениот дел. Држете неколку минути и потоа ставете ја во машината за перење.




Кога ќе ве касне комарец, доволно е да ја намачкате таблетата со вода од едната страна и да ја ставите на убодот неколку минути.




Помага и за ублажување на акните и мозолчињата правејќи мешавина од неколку таблети и вода. Се задржува некое време на воспаленото место, а потоа се отстранува со млака вода, пишува Радиосараево.




Добар е и во борбата против досадниот првут, па пудрата се става во шампон, косата се шампонира, аспиринот се остава да делува неколку минути и потоа се мие. пишува Радиосараево
