Во вчерашната моја објава отвори повеќе теми кои одамна кружат низ јавноста, но ретко кој се осмелува да ги постави гласно. Токму затоа упатив директни прашања до двајцата главни актери – Зоран Заев и Венко Филипче – со цел да дадат одговори на дилемите кои со години висат во воздух.

1. Дволичноста како политичка алатка

Зоран Заев одамна се позиционира како „про-европски“ политичар со јасна, гласна и силна поддршка за Украина. За време на неговото владеење, Македонија донираше оружје купено со пари од граѓаните, а дел од неговите министри јавно истапија со остри изјави кон Русија.

Но, зад завесата – сосема друга приказна.

Истиот човек, кој политички настапува со прозападни ставови, во исто време правел големи бизнис-зделки со руски компании, купувајќи железо и челик по евтини цени поради западните санкции кон Москва. Така, додека јавно ја поддржува Украина, приватно прави профит од трговија со Русија, од која дел од средствата преку даноци завршуваат во рускиот буџет.

Значи – за Украина поддршка со пари на народот, за Русија бизнис со милионски профити.

Ова не е нова појава. И додека беше опозиција, Заев наутро продавал производи на Русија, а попладне на прес-конференции ја обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ за „проруски врски“.

2. Прашањето за златната виза на Венко Филипче

Второто прашање кое го отворив е околу т.н. „златна виза“ на Венко Филипче во Дубаи. Тој тврди дека ја добил како лекар кој планирал да работи во Обединетите Арапски Емирати.

Но, документите што се бараат за таква виза на основа „работа како лекар“ – не ги покажа.

Тишината на Филипче беше најгласниот одговор.

Според законите на ОАЕ, златна виза на основа „инвестиција“ бара најмалку 550.000 долари инвестиција во државата. Тоа е сума која е невозможно да ја заработи лекар од македонскиот јавен здравствен систем, освен ако работел 40 години без да потроши ниту денар.

Затоа тврдењето дека ја добил визата како „медицински кадар“ е очигледно проблематично. Ако навистина имал договор со болница – зошто не го покажа? Зошто не ги презентира потребните документи што ги наведов?

3. Потсетник на аферата со набавката на вакцини

Третото потсетување е на периодот на ковид кризата. Тогаш Македонија последна во Европа набави вакцини, а Заев и Филипче ја уверуваа јавноста дека водат очајнички борби за да ги обезбедат дозите.

Подоцна излезе дека имале намера преку приватна фирма да набавуваат и препродаваат вакцини – лично да профитираат од најтешката здравствена криза во поновата историја. Министерството за надворешни работи знаеше за ова. Аферата беше објавена, а ниту тогаш не ја демантираа.

Три недели молк за суштината, бучна кампања за “етикети”

По три недели напади врз мене, лепење измислени етикети, напади дека „барам војна“, „водам држава“ и слични нереални конструкции – денеска повторно добивме соопштение полно со лични навреди, без ниту еден одговор на ниту едно прашање:

  • Ниту демант за руските бизнис зделки.

  • Ниту документи за визата во Дубаи.

  • Ниту збор за аферата со вакцините.

Само лични напади. Само тишина за суштината.

А кога ОЈО би сакало – ова се истражува лесно. Затоа што овој случај не е политичка реторика – туку сериозни финансиски текови, неправилности и конфликти на интереси за кои постојат и траги и сведоци.