Најмногу се изненадија кога ги споредија трошоците за живот
Тони Смарел и неговата сопруга Френсин се во седумдесеттите, пензионирани учители од Њујорк, а пензионерските денови решиле да ги поминат на сосема поинаков начин.
Имено, во јуни 2023 година, тие прославија 50 години брак во Венеција и се договорија да не се вратат во Америка, туку да останат во Италија.
Додека шетаа низ плоштадот Свети Марко, италијански квартет свиреше Малафеммина, што го врати Тони во детството, бидејќи неговиот татко секоја вечер и свиреше на мајка му на истата мелодија. Тој емотивен момент беше пресвртница – парот сакаше да се поврзе со своите италијански корени и да започне нов живот во Медитеранот.
Неколку месеци подоцна, во ноември 2023 година, купија куќа во гратчето Скалеа, а веќе во декември го продадоа својот дом во Америка и засекогаш се преселија во Италија.
За куќата издвоиле 150.000 евра, што, како што велат, е незамисливо поволна цена во Америка. Иако беше вселив, тие вложија дополнителни пари во реновирање – ги бојадисаа ѕидовите, ги модернизираа водоводите и електричната енергија, реновираа две бањи и кујната, ги заменија прозорците и вратите.
„Не можевме да си дозволиме ваков дом во САД. „Ако сакавме куќа на брегот на Калифорнија, ќе требаше да издвоиме меѓу еден милион и два милиони долари“, објаснува Тони.
Најмногу се изненадија кога ги споредија трошоците за живот. Во САД порано месечно трошеа од 4.500 до 4.800 евра, додека сега во Италија само околу 1.000 евра.
Нивната нова рутина вклучува два до три оброци во ресторан со шише вино, а вкупните месечни трошоци им се значително помали:
Интернет: 40 евра
Два мобилни телефони: 20 евра
Струја и вода: 200 евра
Плин: 75 евра
Ако споредите, во Америка издвојуваа 1.400 евра само за ратата на кредитот, членството во голф клубот ги чинеше околу 1.000 евра месечно, додека за телевизија и интернет плаќаа речиси 400 евра.
„Нашите пријатели рекоа дека е потребна голема храброст да се преселиме на 74 години, но за нас тоа беше само промена на животниот стил – и тоа најдоброто можно“, заклучува Тони за CNN.
