Пред 30 години целата Партизанска беше легендарен зелен бран. Се возеше 60 km/h, фиќовци, југовци и Застава 101 го држеа ритамот, а од „Тифани“ до „Кај Убац“ се стигаше за пет минути – без брзање, без нервози, без хаос.

Денес? Нови коли, нови правила, нови ограничувања – ама половина час за истата релација. Порше, Мерцедес, БМВ, Ауди… сите „садени“ на 50 km/h, со постојано кочење, стопирање и чекање на секој втор семафор.

Жителите велат:
„Некогаш имаше логика во возењето низ град. Сега – само нервози и застои. Од истото растојание правиме мини-експедиција.“

Скопје очигледно се менува, но прашањето останува:
Дали ќе се врати некогаш вистинскиот зелен бран или ќе возиме со часовник во рака?