Кога сме настинати често сме „сам свој лекар“, па земаме одредени лекови кои ги сметаме за адекватни за проблемот што го имаме.

Најчест избор кога имаме настинка или температура е парацетамол или ибупрофен, но факт е дека не секогаш сме целосно свесни кој лек за која болест е наменет.

Имено, парацетамолот е прв избор за треска и како лек за блага до умерена болка, додека ибупрофен е првенствено лек за болки и воспаленија кај ревматски заболувања.

Парацетамолот и лековите од групата на т.н. NSAR е лек со најмалку несакани ефекти и е прв избор за треска и како лек за блага до умерена болка (нема антиинфламаторно дејство како ибупрофенот). Ибупрофенот е првенствено лек за болка и ревматски заболувања и други мускулно-скелетни нарушувања

„Иако премногу често се зема за болки од друга етиологија. Тој е одличен аналгетик и антиинфламаторен лек, но предизвикува и многу несакани ефекти, па затоа треба да се зема со претпазливост само кога навистина потребно“, објаснува м-р по фармација Мелита Петровиќ, пренесува „Живим.хр“.

Затоа, пред да го земете првото нешто што ќе ви падне на ум, размислете добро и што е најважно, консултирајте се со лекар.