Топаловски во емисијата „Претрес“ изјави дека ќе се проверува секој случај кога возач возел со четири трепкачи и тврди дека брзал кон болница.
„Ќе провериме дали навистина се брзало за спасување живот – свој или на близок. Ако човекот одел во болница, нема теорија да биде казнет. Тоа може да се утврди и казната ќе се повлече“, рече Топаловски.
Тој додаде дека системот „Безбеден град“ е направен така што ниту една снимка не може да биде избришана.
„Системот е дизајниран никој да нема можност да избрише видео-запис. Снимките остануваат трајно – колку точно, не знам, месец или година. Но не може да се случи прекршок да не биде процесиран. Системот ги обработува сите прекршоци и известувањата стигнуваат на електронска пошта или порака“, истакна Топаловски. Објави Скопје1.мк.
